Уште еден инцидент во Црно Море. Дронови нападнаа товарен брод што пловел под либериско знаме, во близина на бугарскиот брег. Бродот патувал од Израел кон Романија. 18 членови на екипажот на „Контшип Џет” се спасени.
Според бугарските медиуми, повеќе од 20 контејнери со опасни материи паднале во морето. Бродот претрпел три пробивања на трупот, но се уште е над нивото на водата, иако е значително навален. .
Меѓу контејнерите што пловат во морето има литиум-јонски батерии, киселини, запаливи течности и други опасни материи. Поради ризикот за поморскиот сообраќај, властите ги предупредија морепловците да бидат внимателни. Засега не е утврдено од каде потекнуваат дроновите.
Во одделен инцидент, на брегот кај Царево биле пронајдени остатоци за кои се верува дека се од рускиот дрон „Геран”. Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека остатоците биле собрани и пренесени во поморска база.