Центарот за граѓански комуникации објави истражување и базата на податоци за договорите за јавни набавки на општините во земјава за во 2025 година.
Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, само 10 општини имале намалување на вредноста на јавните набавки во споредба со 2024 година.
80-те општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари, односно 356 милиони евра.
Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно.
Најголема вредност на јавните набавки за 2025 година има Општина Тетово – дури 22,5 милиони евра. Најмалку јавни набавки од речиси половина милион евра има Старо Нагоричане.
Тетово има и најголем годишен скок на вредноста на тендерите од дури 20 милиони евра, а најголем пад од 6 милиони евра има Струмица.
Град Скопје веќе втора година по ред не е на првата позиција. Лани падна на шестото место, а годинава е на 14. со вредност на тендерите од само 8,5 милиони евра.
Најголема вредност на јавните набавки по жител има Чаир, по 2381 евра, наспроти Центар Жупа, која има само по 12 евра по жител.
Општините лани склучиле договори за јавни набавки со 1.185 фирми, но повеќе од една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
На врвот според вкупната вредност на склучените договори е Жикол од Струмица со вредност на договорите од милијарда денари, односно околу 16 милиони евра.