Работнички права

Тече рокот за исплата на К-15, работодавците имаат уште малку време

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Работодавците имаат нешто повеќе од два месеца да го исплатат регресот за годишен одмор, познат како К-15.

Висината на К-15 не е фиксна, туку се пресметува во зависност од просечната нето-плата во државата во последните три месеци пред месецот на исплатата.
Работодавачите можат да исплатат и
поголем регрес, во согласност со
колективните договори и услови.

За компаниите што нема да ја исполнат обврската за исплата на К-15 се предвидени парични казни. Дополнително, санкции се предвидени и за случаите во кои работодавачот исплати регрес на работникот, а потоа ќе го принуди парите да ги врати. За таквото постапување е предвидена и затворска казна до една година.

Минималниот износ што треба да го добијат работниците годинава изнесува околу 19.560 денари, а крајниот рок за исплата е 31 декември.

Најнови вести