Статистика

Светска Банка со не толку ,,сјајна” прогноза за цените на храната и енергијата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Светските цени на енергијата ќе пораснат за 32 процента оваа година, објави Светската банка. Прогнозата е многу поголема од очекуваното, поради прекините во снабдувањето предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток.

Поради намаленото производство на нафта, цената на нафтата Брент треба да остане на високо ниво на краток рок, со просек од 92 долара за барел оваа година.

Во 2027 година, европските цени на гасот треба да паднат за осум проценти, со продолжено ограничено снабдување. Нормализацијата на пазарот во 2028 година треба да ги намали цените на овој извор на енергија за речиси 30 проценти.

Цените на прехранбените суровини треба да пораснат за малку повеќе од десет проценти оваа година и за малку повеќе од седум проценти во 2027 година.

Во најлошото сценарио, кое вклучува исклучително силен Ел Нињо, нови прекини во испораките на жито преку Црно Море, ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и штети на руската нафтена инфраструктура, цените на храната би можеле да бидат за 12 проценти повисоки од очекуваното, предупреди Светска банка.

Сепак, во 2028 година, се очекува цените на храната да паднат за 5,2 проценти, објави Светската банка.

Во најновиот извештај се нотирани и цените на металите и ѓубривата кои исто така бележат зголемување во споредба со проекциите од месец Април

Најнови вести