ВМРО- ДПМНЕ објави дека Зоран Заев и Венко Филипче земале советници од СНС во владата. Според партијата, наведените советници биле поврзани тесно со владата на Александар Вучиќ.
,,Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија. Од друга страна, Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија”, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски потенцира дека во јавноста веќе се говори оти Башановиќ бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? ВМРО-ДПМНЕ прашува дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Во исто време, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека истата фирма „Зобек мининг груп“ му купила на Филипче автомобил од марката „АУДИ“.