Тензиите од улиците во Албанија се префрлија во парламентот. Опозициските пратеници активираа сини сигнални ракети, ја блокираа говорницата и го прекинаа текот на седницата.
Инцидентот се случи за време на гласањето за закон поврзан со Централната банка, во услови на повеќенеделни антивладини протести и барања за оставка од премиерот Еди Рама.
Лидерот на опозицијата, Сали Бериша, упати остри обвинувања кон владејачките пратеници, по што му беше исклучен микрофонот.
Инцидент во собранието е поврзан со протестите што почнаа во средината на октомври во Тирана, а потоа се проширија и во други албански градови. Студентите и други демонстранти бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој на власт од 2013 година.
Незадоволството е поттикнато од сомнежите за корупција, недостигот од работни места и квалитетот на образованието.