Лажна дојава за бомба го одложи Дневникот на РТС

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вечерното издание на Дневникот 2 на Радио-телевизија Србија (РТС) беше емитувано со речиси половина час задоцнување поради дојава за поставена бомба во објектите на јавниот медиумски сервис.

Дојава за бомба била примена во контакт-центарот на РТС во 18:42 часот, по што вработените ги напуштиле зградите.

Противдиверзантските единици на Министерството за внатрешни работи извршиле проверки во објектите на РТС во Таковска, Абердарева, Радио Белград и Кошутњак.

По извршените проверки било утврдено дека дојавите се лажни, а вработените се вратиле на своите работни места, соопшти РТС.

Најнови вести