Поради планирани технички активности на електричната мрежа денес делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.
Без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците Стојна Стефкова, Јајце и Ордан Чопела, во општина Гази Баба, поради активности во трафостаниците ТС 4 и ТС 5.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и на улицата Корџевска во Драчево, во општина Кисела Вода, поради работа на електричната мрежа.