Временска прогноза

Не ги заборавајте чадорите: Денес дожд и променливо облачно

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска во Македонија променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Во утринските часови, во одделни котлини можна е појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со можност за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 15 степени.

Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Според прогнозата, пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Утринска магла и понатаму е можна во одделни котлини, додека ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од северен правец.

Најнови вести