Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Според прогнозата на УХМР, поизобилни врнежи се очекуваат во недела и во почетокот на следната седмица.
Во утринските часови во некои котлини ќе има услови за појава на магла, што може да ја намали видливоста.
Во текот на овој период ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.