Војна

Киев и Москва ги продолжуваат меѓусебните напади

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Едно лице загина во ноќните удари врз украинскиот главен град Киев. Државната служба за вонредни ситуации објави дека во нападот била погодена зграда во округот Днепровски која била делумно уништена и во која избувнал пожар.

Само неколку часа пред нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките служби имаат информации за подготовки за нови руски напади со балистички ракети.

Градоначалникот на Москва пак, Сергеј Собјанин изјави дека ноќеска бил извршен обид за напад со украински дронови.
Според Собјанин, од синоќа до утрово во Московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.

Силите за воздушна одбрана ги неутрализирале повеќето беспилотни летала што се приближувале кон регионот, додека 170 дронови биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.

Најнови вести