Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување

Луксузните продавници во Германија ги заштитуваат излозите пред најавените протести

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Германските трговци преземаат засилени безбедносни мерки пред младинските протести најавени за утре во околу 30 градови низ земјата. Дел од луксузните продавници веќе ги покриваат излозите со дрвени плочи и размислуваат за привремено затворање, објави „Зидојче цајтунг“.

Во Берлин и Дизелдорф, продавниците за накит, часовници и луксузна облека поставуваат заштитни прегради и ги отстрануваат вредните производи од излозите. Козметичкиот синџир „Даглас“ најави дека во сабота ќе затвори 12 продавници, додека дел од останатите трговци ќе работат со скратено работно време.

Протестите се организираат под иницијативата „Gen Z regelt“, а младите бараат решенија за зголемените трошоци за живот, кратењата во образованието и социјалните услуги, како и посилни мерки за заштита на климата. Тие се противат и на воведувањето воен рок.

Организаторите најавуваат мирни протести и се оградуваат од насилство. Сепак, трговците стравуваат од можни инциденти, особено по неодамнешните насилни протести и грабежи во Франција и други европски земји.

Германската полиција најави засилено присуство, но засега соопштува дека нема конкретни сознанија за организирани грабежи или планови за насилство. Само во Берлин се очекува да бидат ангажирани околу 1.500 полицајци.

 

Најнови вести