Постојаните барања на Киев за ракети ги отежнуваат подготовките за нови мировни преговори, став на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Говорејќи на состанокот на Г20 во Атланта, шефот на руската дипломатија порача дека руската позиција останува непроменета од почетокот на воената кампања. Сергеј Лавров тврди дека изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за набавка на дополнително оружје и напади врз цели на руска територија не помагаат во создавањето услови за дијалог.
Кремљ постојано потенцира дека Украина претставува безбедносна закана за Русија, префрлајќи ја вината за замрзнатите разговори врз украинските обиди за отпор.
Во исто време, САД одобрија испорака на 500 противвоздушни проектили ,,Патриот” што треба да ги заштитат украинските градови од воздушни удари.
Дипломатите на Г20 на самитот во Атланта испратија јасна порака кон реториката на Сергеј Лавров со тоа што одбија заедничко фотографирање, директно избегнувајќи да се појават во ист кадар со шефот на руската дипломатија.