Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување
Евроинтеграции

Утре во Бугарија втор круг претседателски избори, кој и да победи, условите за Македонија непроменети

Се бараат уставни промени па потоа преговори за членство на земјава во Европската Унија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Утре Бугарија гласа на втор круг претседателски избори. Двајцата кандидати за претседател на Бугарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров со речиси идентични ставови кон Македонија. На последната изборна дебата реплицираа кој колку се заложил за францускиот предлог, но потврдија дека Софија нема да отстапи ниту сантиметар од позицијата за Македонија. Се бараат уставни промени па потоа преговори за членство на земјава во Европската Унија.

„Ќе продолжуваме да настојуваме и пред нашите европски партнери – договорот и европските политики да бидат исполнети. Во мене гледате човек кој нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено. И покрај тоа што Скопје прави многу сериозни обиди – да стават настрана определени протоколи”, рече Илијана Јотова – претседателски кандидат.

„Ние успеавме да ги заштитиме интересите на бугарските граѓани и да ја направивме бугарската позиција дел од заедничката европска позиција. Тогаш претрпевме многу напади и обвинувања дека се предаваат бугарските интереси”, изјави претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров.

Во фокусот на кампањата беа и безбедносните прашања на Бугарија, по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црно Море.

Иако претседателот на Бугарија има претежно претставничка улога, тој располага со право на вето на законите и е врховен командант на вооружените сили.

Најнови вести