мвр со детали

Со автомобил влетал во двор кај Трубарево- две лица повредени

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во СВР Скопје е пријавено дека денеска во 01:10 часот на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести