Се повикува на одговорност

Во тек е истрага за ,,Алта Банка” во Србија

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка и постапувањето на одговорни лица во Народната банка на Србија во врска со евентуалните одливи на средства и трансфери кон странство.

Според соопштението од обвинителството, првото барање до Народната банка на Србија било испратено на 27 октомври и се однесувало на сите извршени трансакции на Алта банка кон
странство од 27 септември, до денот на доставување на извештајот.

Народната банка на Србија одговорила на 30 октомври доставувајќи податоци од кварталните извештаи со кои располагала, заклучно со 20 септември. За периодот што го побарало Обвинителството, централната банка навела дека извештај ќе може да достави по 4 ноември

На 29 октомври, Обвинителството испратило уште едно барање до Народната банка на Србија, овојпат за податоци за конверзијата и одливите на средства од сметките на Алта банка кон странство.

Еден ден подоцна, на 30 октомври, од Министерството за внатрешни работи и Службата за борба против организиран криминал биле побарани проверки и на банката и на одговорни лица во Народната банка на Србија.

По приемот на кривичната пријава вчера, Обвинителството побарало итно постапување и проверка на целокупното работење на банката и на околностите што доведе до одземање на дозволата.

Претходно и Студентската листа во Србија побара темелна истрага за работењето на Алта банка и за одговорноста на нејзините сопственици, раководството и регулаторот.

Според Студентската листа, проблемите во Алта банка не настанале преку ноќ, поради што е потребна детална истрага на повеќегодишното работење.

Најнови вести