Денеска се одбележуваат две години од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, кога при пад на бетонската настрешница загинаа 16 лица.
Комеморативниот собир ќе се одржи пред Железничката станица со почеток во 11:52 часот, во времето кога се случи несреќата.
Предвидена е и комеморативна прошетка. Учесниците ќе се соберат на три локации – кај Медицинскиот факултет, во Лиманскиот парк и кај Варадинскиот мост, од 9:30 часот. Прошетките ќе започнат во 10 часот, а трите колони ќе се спојат на раскрсницата кај Футошката пијаца, од каде заедно ќе продолжат кон Железничката станица.
Студентите преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да присуствуваат на комеморативниот собир и заеднички да го зачуваат споменот на загинатите.
Несреќата предизвика бран студентски блокади и граѓански протести низ Србија, на кои се бараа утврдување на одговорноста за трагедијата и борба против корупцијата.
Во меѓувреме, обвинение беше поднесено против 13 лица поради сомнение за кривични дела поврзани со уривањето на настрешницата. Од трагедијата досега, граѓаните во Нови Сад и другите градови редовно им оддаваат почит на жртвите во 11:52 часот.