Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави дека по пријава на граѓанин за нелегално поставени метални блокатори тие веќе се отстранети од дека надлежните служби на општина Бутел и се ослободени узурпираните јавни паркинг-места во Скопје Север.
Во општина Бутел ниту еден граѓанин нема право да присвојува јавен простор вели градоначалникот Дарко Костовски, кој нагласи дека законите важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок и се спроведуваат на целата територија на општина Бутел.