Војна

Истече привременото примирје во Олешки, евакуирани 750 луѓе

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Примирјето во украинскиот град Олешки заврши синоќа, откако беа евакуирани повеќе од 750 луѓе. Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на првата дама на САД, Меланија Трамп. Таа повика привремениот прекин на огнот да послужи како основа за воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија.

,,Во име на Америка, изразувам благодарност до Русија и Украина за нивното водство и соработка во врска со прекинот на огнот во Олешки. Се надевам дека Олешки ќе послужи како основа за траен мир меѓу двете земји“, изјави Меланија Трамп.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека погодила воен објект и товарен брод кај Одеса, при што биле повредени четири лица.Украинските сили наводно нападнале нафтен објект во руската Самарска област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Турција, со цел постигнување мир.

Од Кремљ велат дека Путин би прифатил директен телефонски разговор со Зеленски, доколку поканата дојде од Киев.

Најнови вести