Илјадници работници во германската метална и електроиндустрија стапија во штрајк

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Илјадници работници во германската метална и електроиндустрија денеска стапија во штрајк на повик на германскиот синдикат ИГ Метал (IG Metall). Штрајкот се прошири во компании низ целата земја, а прекините на работата се планирани во текот на целата недела, во рамки на спорот за платите што опфаќа околу 3,7 милиони вработени.

Работниците во компании како „Ауди“, „Мерцедес-Бенц“ и „Тата Стил“ ја прекинаа работата, додека штрајкови се најавени во повеќе од 2.000 производствени погони низ Германија, пренесува „Дојче веле“.

Меѓу компаниите што би можеле да бидат погодени од штрајкот се и производителите на автомобили „Опел“ и „Ролс-Ројс“, како и „Дајмлер Трак“, добавувачот за секторот на електрична мобилност „Витеско“, компанијата „Проктер енд Гембл“ и производителот на прецизна опрема „Пол Бајер“.

Штрајкот доаѓа во услови на несогласувања меѓу синдикатот и работодавачите околу условите за работа и зголемувањето на платите.

Најнови вести