Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на својот профил на Инстаграм од канцеларијата во Нов Белград, која ја нарече своја „нова-стара канцеларија“.
Вучиќ откри дека се враќа на местото од каде што, како што вели, пред 16 години започнале неговите големи политички успеси, додавајќи дека од таму повторно ќе започне нов политички циклус.
„Ова е мојата стара-нова канцеларија тука во Нов Белград. Одовде започнавме големи работи, а сега повторно. Се обидувам да го вратам животот и сè она што недостасуваше во меѓувреме“, рече Вучиќ.
Тој оцени дека еден од проблемите со кои се соочувала неговата партија биле ароганцијата и недоволната посветеност на идеите и програмите, за сметка на интересот за функции и позиции во институциите.
Според него, најважно е повторно да се стави акцент на креирањето програми, планирањето и грижата за граѓаните, наместо на личната корист од политичките функции.
Вучиќ најави дека во наредните месеци најголем дел од своето работно време ќе го поминува токму во оваа канцеларија.
Тој додаде дека во следните неколку дена се очекува прогласување на конечните изборни резултати, по што ќе следуваат закажување седница на Народното собрание и верификација на пратеничките мандати.
Вучиќ порача дека неговиот фокус ќе остане на борбата за интересите на Србија.
View this post on Instagram