Бугарската агенција за безбедност на храната забранила влез на пратка со јаболка од Македонија.
Лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници.
Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.
Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија.