На последната владина седница помина Буџетот за 2027 година, што значи дека влегува во Собрание, а со новата државна каса платите на вработените во Армијата и одбраната ќе пораснат за 10 проценти, објави министерот Владо Мисајловски. Договорот за зголемување на платите бил постигнат преку социјален дијалог и во соработка со Синдикатите.
,,Ветив многу пати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го оствариме”, истакна
министерот за одбрана.
Дополнително министерот Мисајловски рече дека со реформата за трансформација на работниот однос на војниците со навршени 45 години, има добар интерес, а мерката е промовирана како караван во касарните заедно со сите синдикати.