УХМР за денес најавува променливо облачно време, додека во источните делови на земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.