Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување
Временска прогноза

Македонија под влијание на циклон: Од денеска постудено и дождливо

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денес најавија облачно време со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 12 степни, додека максималните ќе се движат од 13 до 16 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 литри на метар квадратен.

Од среда се очекува постепена стабилизација на временските услови.

Најнови вести