Влада

Евроамбададорот Рокас ќе му го врачи извештајот за напредокот на земјава на премиерот Мицкоски

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска во Владата амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас ќе му го врачи извештајот за напредокот на земјата од Европската комисија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.

Во 14:45 часот е предвидено амбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски да одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Европската комисија во најновиот извештај за Северна Македонија констатира дека земјата нема напредок во исполнувањето на клучниот политички услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија – усвојувањето на уставните измени.

Иако техничките подготовки за членство продолжуваат, во клучните области како борбата против корупцијата, слободата на изразување и владеењето на правото, напредокот е ограничен или целосно отсуствува.

Во извештајот се наведува дека не бил направен обид за усвојување на уставните измени предвидени со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на прес-конференцијата по претставувањето на извештаите за земјите кандидати, оцени дека Северна Македонија и натаму ја „држи рачната кочница“ за почетокот на пристапните преговори.

Од друга страна, Комисијата бележи одреден напредок во техничките подготовки.

Најнови вести