ЕЦБ најавува раст на платите во еврозоната, но цените растат побрзо од заработувачката

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Платите во еврозоната би требало умерено да пораснат во текот на 2027 година, објави Европската Централна Банка.

Сепак, високата инфлација, поскапувањето на енергентите исто тала продолжуваат да го притискаат животниот стандард на граѓаните.

Според најновите податоци на ЕЦБ, растот на договорените плати во првата половина од следната година се очекува да достигне 2,8 проценти.

Европската централна банка објави дека растот на платите во земјите што го користат еврото би можел благо да забрза во првите девет месеци од 2027 година.

Проценката се темели на најновите колективни договори и на посебен показател со кој ЕЦБ го следи движењето на договорените заработувачки.

За првата половина на 2027 година се прогнозира раст од 2,8 проценти, додека во третото тримесечје темпото би се намалило на 2,4 насто.

Најнови вести