Мвр

НАСИЛСТВО ЗАД ЧЕТИРИ ЅИДА: Илјадници пријави за семејно насилство- алармантни бројки!

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во периодот јануари – септември 2026 година регистрирани 1.337 кривични дела од семејно насилство

Во периодот од јануари до септември 2026 година, на територијата на државата регистрирани се 1.337 кривични дела од областа на семејното насилство, за кои се пријавени 1.388 сторители, од кои 1.278 мажи и 110 жени, како и 1.433 жртви, од кои 289 мажи и 1.144 жени.

Во истиот период регистрирани се 191 прекршок поврзан со семејно насилство, за кои се пријавени 228 сторители (196 мажи и 32 жени) и 221 жртва (126 мажи и 95 жени).

Дополнително, евидентирани се 3.869 поплаки за семејно насилство, при што се пријавени 3.971 сторител, од кои 3.090 мажи и 881 жена, како и 3.961 жртва, од кои 1.394 мажи и 2.567 жени.

Министерството за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не молчат и да не го премолчуваат семејното насилство, туку навремено да го пријавуваат секој случај.

Секој што е жртва на семејно насилство, како и секој што има сознанија за вакви случаи, може да ги пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Најнови вести