Протести против трошоците за живот

Протестите во Франција влегуваат во четвртиот викенд

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Четврти последователен викенд на протести во Франција. Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци” денеска повторно се мобилизираат за масовни демонстрации во земјата.

Изминатата недела имаше блокади и протестни акции, како и штрајк на национално ниво, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе.

И денеска се очекува голема масовност на протестите за што одново се распоредени десетици илјади полициски службеници.

Министерството за внатрешни работи е претпазливо поради насилството и грабежите што избувнаа на демонстрациите во изминатите недели.

Најнови вести