Неверојатни сцени на УС Опен: Меч прекинат при 6:1, 5:4 и 40:40

Дождот продолжува да им создава големи проблеми на организаторите на УС Опен. Мечот меѓу Паула Бадоса и Дарија Касаткина беше прекинат во момент кога Шпанката се наоѓаше на само два поени од пласман во второто коло.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Организаторите на УС Опен имаат сериозни проблеми со дождот во првите денови од турнирот, поради што голем број мечеви се прекинуваат или се одложуваат.

Покрив имаат само двата најголеми стадиони во комплексот – „Артур Еш“ и „Луис Армстронг“, па временските услови практично ја диктираат програмата на останатите терени.

Таква беше ситуацијата и во вторникот. Дел од мечевите успеаја да завршат според планот, но не и дуелот меѓу Паула Бадоса и Дарија Касаткина.

Мечот беше прекинат поради дожд при резултат 6:1, 5:4 за Бадоса и 40:40 во десеттиот гем од вториот сет.

Ситуацијата е уште понеобична бидејќи Шпанката непосредно пред прекинот имаше две брејк, воедно и меч-топки, но не успеа да ги искористи. Дождот потоа ги принуди тенисерките да го напуштат теренот во момент кога Бадоса беше на само два освоени поени од победата.

Кога временските услови ќе дозволат продолжување, двете тенисерки практично ќе се вратат директно во еден од најважните моменти од мечот – играта ќе продолжи на разлика при 40:40.

Бадоса ќе сервира за пласман во следната рунда, додека Касаткина ќе се обиде да направи брејк и да го продолжи мечот.

Победничката од овој дуел во второто коло ја очекува Коко Гоф.

Најнови вести