Општина Бутел добила повеќе од десет пријави од загрижени граѓани за градежни активности што во моментов се одвиваат на земјиште во државна сопственост во населбата Бутел 2, соопшти градоначалникот Дарко Костовски.
Тој информираат дека станува збор за почетни градежни активности и јавно ги предупредија лицата кои ги изведуваат веднаш да ги прекинат работите сè додека не се утврди дали градбата е законска.
„Државното земјиште не е ничија приватна сопственост“, порачуваат од Општина Бутел.
Градоначалникот најави дека доколку се утврди дека станува збор за бесправна градба, а активностите продолжат, во координација со Министерството за внатрешни работи ќе ги преземат сите законски мерки.
Меѓу најавените мерки се поднесување кривична пријава до надлежните органи и отстранување на бесправно изграденото, согласно законските процедури.
Од Општина Бутел велат дека нема да толерираат узурпација на државно земјиште и незаконско градење.