Временска прогноза

Денеска променливо облачно време, вечерва снег на планините

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

УХМР за за денес најавува променливо облачно време со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок повторно ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Од вторник температурите ќе бидат во пораст. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Најнови вести