Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд, најавува УХМР.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено силен ветер од јужен правец.