Врсничко насилство

Насилничките од Ѓорче Петров кои малтретираа и снимаа девојче се упатени во поправен дом

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На четирите малолетнички опфатени со постапката за физичкото насилство врз 13-годишно девојче во скопската општина Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Според информациите од Кривичен суд, судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје на првообвинетата ѝ изрекол мерка во траење од една година, додека на останатите три малолетнички им се одредени по осум месеци.

Случајот е првостепено завршен.

Случајот ја вознемири јавноста откако група деца во два наврати физички малтретирале 13-годишно девојче, ученичка во основно училиште во Ѓорче Петров, додека дел од присутните го снимале насилството со мобилни телефони.

Најнови вести