војна

Погодени два големи моста во Киев, жителите останаа без струја и вода

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Два големи моста, Северниот и Јужниот мост на реката Днепар во Киев се погодени во руски напад со балистички ракети, објави градоначалникот Витали Кличко. Во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Осум големи моста се протегаат преку Днепар, поврзувајќи ги западниот и источниот дел на Киев, а според проценките три милиони жители ги користат мостовите за движење низ градот.

Украина, пак, втор ден по ред го нападна мостот кој ја поврзува Русија со окупираниот Крим, при што загинаа две лица, изјави регионалниот гувернер Сергеј Аксјонов.

Вчера Украина изврши еден од најголемите воздушни напади врз Русија од почетокот на војната, со 2.049 дронови.

Најнови вести