Технолошки гиганти

Енвидија ја отфрли можноста Хуанг да се врати на позицијата извршен директор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Управниот одбор на Енвидија ја отфрли
можноста за враќање на Јенсен Хуанг на позицијата извршен директор.

Барањето за негово враќање на позицијата извршен директор почна само неколку дена откако тој поднесе оставка поради скандал поврзани со афери со вработени и сомневања за врска со жена што работела со кинеската разузнавачка служба.

Повеќе од 180.200 луѓе потпишаа петиција со која бараат враќање на Хуанг. И Илон Маск јавно ја поддржа иницијативата, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не би имал ништо против Хуанг повторно да стане извршен директор.

Разузнавачки служби на САД се уште се обидуваат да утврдат каква точно била поврзаноста на љубовницата на Јенсен Хуанг со кинеското Министерство за државна безбедност и какви информации таа можеби му пренела на Пекинг.

Откако се појави веста за интимната врска на Хуанг, Енвидија изгуби 800 милијарди долари. Акциите на Енвидија во понеделникот паднаа за повеќе од четири проценти.

Најнови вести