Дипломатија

Светот во исчекување на средбата Трамп – Путин – Шји

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се одржи в четврток во кинескиот град Шенжен.

Од Кремљ потврдија дека основната агенда за разговорите е договорена, но не открија кои прашања ќе бидат во фокусот.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ги отфрли споредбите на најавената средба меѓу лидерите на Русија, Кина и САД со конференцијата во Јалта од 1945 година и оцени дека таквите толкувања се само политиколошки шпекулации.

На историската конференција во Јалта, во февруари 1945 година, лидерите на САД, Советскиот Сојуз и Велика Британија разговараа за повоеното уредување на Европа.

Најнови вести