Временска прогноза

УХМР со нова прогноза: Силен ветер и дожд денеска – еве што не очекува до недела

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 км/ч).

Минималната температура од 6°C до 11°C, максимална 18°C до 22°C, најавува УХМР.

Утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа во западните делови повремено засилен до силен ветер од западен правец (над 70 км/ч).

Во текот на викендот ќе се задржи променливото и облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура од 2°C до 9°C, максимална 15°C до 21°C.

Најнови вести