За денес во утринските часови УХМР најавува врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат.
Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 80 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7°C до 14°C, а максималната од 14°C до 22°C.
Синоптичарите издадоа предупредување за западните делови, Пелагонија и североисточните делови за повремено силен ветер.
Во сабота во текот на ноќта и претпладне во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд (над 15 l/m²), а во источните делови ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2°C до 9°C, а максималната од 13°C до 20°C.
Во недела претпладне претежно сончево, а потоа променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2°C до 10°C, а максималната од 12°C до 19°C.
Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува засилен, а наместа повремено силен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2°C до 10°C, а максималната од 12°C до 17°C.