Европската Унија од денеска го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во останатите земји што не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Компаниите од ЕУ повеќе нема да можат да испраќаат пластичен отпад во Македонија, дури и кога е наменет за преработка. Забраната ќе важи најмалку до 21 мај 2029 година, а го опфаќа и чистиот, неопасен пластичен отпад наменет за рециклирање.
Европската комисија уверува дека со забраната сака да спречи отпадот создаден во земјите од Унијата да предизвикува загадување и здравствени ризици во други земји.
Според податоците на Светската банка, во 2024 година членките на ЕУ пријавиле извоз на 323,5 тони пластичен отпад во земјава, во вредност од околу 46.400 долари. Најголемите количини биле испратени од Хрватска и Грција.