Драма над Калининград, украински беспилотни летала за првпат ја нападнаа руската енклава

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Се разгоруваат тензиите поврзани со војната во Украина. По нападот врз рускиот товарен брод „Спарта II” во Финскиот Залив, објавени извештаи за експлозии, беспилотни летала и активирање на руската противвоздушна одбрана во близина на воената база на Балтичката флота во Калининград.

Според објавените информации, бродот се движел од областа на Санкт Петербург кон Калининград кога бил нападнат. По ударите избувнал пожар, а бродот ја изгубил контролата и почнал да се движи кон финските територијални води.

Гувернерот на Калининградската област, Алексеј Беспозваних, потврдил дека во округот Немански бил активиран системот за тревога откако бил забележан сомнителен воздушен објект кој се приближувал од правец на Литванија.

Во меѓувреме, руските воздухопловни власти привремено ги ограничиле операциите на аеродромот Храброво.

Најнови вести