Војна

Нови руски удари врз Киев и Запорожје, се урнаа згради, има повредени

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Руски извидувачки дрон накратко го наруши полскиот воздушен простор, додека руски воени авиони влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Јужна Кореја. Полска и Јужна Кореја ги активираа воените системи и ги подигнат борбените авиони.

Во исто време, Русија тврди дека погодила брод што превезувал воена опрема во близина на Одеса.

Во напади со беспилотни летала врз Киев повредени се шест лица. Според информациите на обвинителството, во изминатите 24 часа биле регистрирани неколку напади со дронови, најмногу во централните делови на градот.

Две лица загинаа, а 22 се повредени во руски напад врз Запорожје. Меѓу повредените има и две деца, на возраст од шест и 16 години, соопшти вршителот на должноста началник на Запорошката обласна воена администрација, Михаило Семекин.

Во нападот била уништена приватна станбена куќа, а петкатница била делумно урната. Оштетени се и други станбени објекти, автомобили и сообраќајната инфраструктура.

Најнови вести