Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 02.09.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Благоја Стевковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(60) од с.Пакошево, општина Зелениково и автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(38) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, се здобила 63-годишната С.П., која се превезувала во автобусот. Екипа на СВР Скопје извршила увид“, велат од МВР.