ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЗАГРЕБ: Ученик со остар предмет повредил соученик и вработена

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Oколу 8 часот утрово, во училиштето кое се наоѓа на улицата Конавонска во Загреб дошло до инцидент во кој ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработен во установата, објавуваат хрватските медиуми.

Ученикот во моментов се наоѓа под полициски надзор, а на повредените им е укажана медицинска помош. Полицијата врши увид и спроведува криминалистичка истрага со цел да се утврдат сите околности на инцидентот.

Како што дознава пренесуваат хрватските медиуми, сè се случило неколку минути пред првото ѕвонче. Според сведоци, ученикот влегол во училиштето маскиран.

Тој со остар предмет избодел друг ученик, а од него го спасила хигиеничарка која застанала пред него. И двајцата се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Најнови вести