По откривањето на случаите на корупција кај возач во Службата за општи и заеднички работи и кај помошник директор на Царинската управа, премиерот Мицкоски со охрабрување до граѓаните да ги пријавуваат овие случаи. Најави дека со Транспарентост Македонија заеднички ќе дејствуваат во борбата против корупцијата.
„Ги охрабрувам граѓаните и тоа сум го кажал многу пати, да пријавуваат случаи на системска корупција и наскоро од денес ќе почнеме таков проект со Транспаренси Интернешнл со којшто ќе имаме отворен број, отворена линија да пријавуваат таму, а ние заедно со Транспаренси интернешнл да ги спроведуваме тие случаи. Она коешто е за мене важно е дека, нема случаи на висока корупција сега мораме низ институциите овие случаи да ги исчистиме и искорениме и не би рекол дека има недоверба кон институциите“, рече премиерот во одговор на новинарски прашања.
Додава дека во моментов се следат уште неколку случаи на системска корупција, не открива за што станува збор туку дека се во рамки на институциите. Ги повикува сите граѓани кои ќе бидат жртва на системска корупција да пријават без исклучок и ќе бидат сакнционирани, посочува шефот на Владата.
„Имаме информации за неколку случаи и чекаме“, изјави Мицкоски.