Во Јемен од јули досега се раселени најмалку 76.000 луѓе, при што бројот на раселените се зголемил за четири пати само во текот на изминатата недела поради разгорувањето на судирите меѓу владините сили и Хутите, кои имаат поддршка од Иран, соопштија Обединетите нации.
„Меѓународната организација за миграција (ИОМ) предупредува дека кризата со раселувањето во Јемен забрзано се влошува од час во час. Откако Хутите во јули најавија поморска блокада на Саудиска Арабија, најмалку 76.000 луѓе ги напуштија своите домови“, соопшти ИОМ.
Како што се наведува, тоа е четири пати повеќе од вкупниот број раселени лица регистрирани изминатата недела, додека судирите се интензивираат.