Персиски залив

Остатоци од ракетите на Хутите завршија во станбени згради во Ријад

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Цивилната одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека остатоци од две пресретнати балистички ракети на Хутите паднале врз станбени области во Ријад, повредувајќи четири лица. Меѓу повредените се две жени, еден маж и едно дете. Предизвикана е ограничена материјална штета на 15 станбени згради.

Ракетите биле лансирани од јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, пред да бидат пресретнати и уништени над главниот град.

Рашад ал-Алими, шеф на владејачкиот Совет за претседателско лидерство во Јемен, изјави дека операцијата наречена „Зора на Јемен“ ќе продолжи се додека не се обноват државните институции.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија прртходно соопшти дека извршила операција против бензинска пумпа во главниот град на Јемен, Сана, контролиран од Хутите.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна нови воздушни напади врз нафтени постројки во западна Сана, објави радиодифузерот Ал Масира, управуван од Хутите, и жителите на главниот град на Јемен.

Најнови вести