Ескалираше состојбата во Јемен, загинаа најмалку 14 лица во два одделни напади во главниот град Сана.
Првиот напад бил извршен врз фабрика за цемент, вториот врз приватна куќа.
Информацијата ја објави Министерството за здравство управувано од бунтовниците Хути, поддржани од Иран.
Хутите ја обвинија соседна Саудиска Арабија за ескалација на борбите.
Медиумскиот центар на Хутите, исто така, соопшти дека бран напади го погодил крајбрежниот град Мока во покраината Таиз, кој Хутите го освоија во септември.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против Хутите, соопшти дека пресретнала три балистички ракети испукани кон саудискиот главен град Ријад и градовите Таиф и Јанбу. Исто така бил уништен дрон над источниот регион на земјата.