СДСМ: Дали има независна институција која постапува или уште еден блеф на Мицкоски за телевизиите?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите на СДСМ за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија, соопштено е дека Финансиската полиција отворила предмет а АВМУ ја запрела постапката. Од СДСМ прашуваат дали има независна институција која постапува или е уште еден блеф на Мицкоски само за смирување на јавноста?

„Ова е тест за институциите, но и за Мицкоски, дали ќе ги тргне рацете од институциите и ќе ги остави да работат или повторно ќе диктира.СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи. Сите факти мора да се утврдат и да следи одговорност. Македонските медиуми не смеат да бидат полигон за туѓи политички и пропагандни интереси.“

Од партијата на Филипче велат дека со месеци предупредувале дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија.Српската медиумска машинерија, како што велат, преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата на сомнителен начин и со заобиколување на законите.

“Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС.Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола. Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда.“ стои во партиската реакција.

Социјалдемократите посочуваат дека независните медиуми во Македонија ќе ја имаат нивната целосна поддршка.

 

Најнови вести