Обвинителството поднесе обвинение против едно лице за палењето возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, на 15 јуни.
Според обвинението, лицетo набавило пластично шише бензин од бензинска пумпа, а потоа ги полеало и запалило паркираните возила што ги користеле военото аташе на Бугарија и други вработени во амбасадата.
Обвинетиот се товари за „Загрозување лица под меѓународна заштита“, бидејќи со пожарот била предизвикана опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.
За делото е предвидена казна затвор од најмалку една година
Се бара и продолжување на притворот поради опасност од бегство и попречување на кривичната постапка.